Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сослушување сведоци и оштетени треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се шест лица.

На минатото рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници. Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот