Продажбата на ФК Брегалница е успешно завршена

facebook.com/pg/FKBregalnica

После седницата на Совет на Општина Штип имаше јавен повик на кој што се бараше да се видат сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип.

– На задоволство на сите во Штип успешно е реализирана одлуката на Советот на општината за продажба на Брегалница која оди во рацете на Кирил Гогов како сопственик на клубот. Искрено, силно верувам во новиот сопственик кој може и умее да ја изгради Брегалница во фудбалски бренд кој успешно ќе се врати на прволигашката сцена. Да посакаме и сите заедно за две години 100-годишнината од постоењето на клубот да ја прославиме со настап во европските купови. Кирил Гогов е успешен бизнисмен кој не случајно минатата година беше прогласен за најдобар спортски работник на Штип. Сакам да информирам дека Општината и натаму ќе продолжи со поддршка на Брегалница – изјави градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Целта на фудбалскиот клуб Брегалница 2008 ќе биде да се врати во најквалитетното македонско фудбалско првенство.

– Тука сме за спортски успеси на радост на сите во градот. Од срце ќе направам се Брегалница да се врати повторно во прволигашкото друштво, а потоа да размислуваме и за нешто повеќе во иднина – додаде новиот акционер Кирил Гогов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот