Продадена најскапата чанта на „Луј Витон“: 44.100 долари за „Касума тиквата“

Фото: Принтскрин/ Редит/ Louisvuitton

Светот на модата ретко кога успева да шокира и остава малкумина во неверување. Но, сега се случи преседан и многу луѓе останаа шокирани од оваа вест – чанта од „Луј Витон“ е продадена на аукција за 44.100 долари. Тоа е најскапо продадена чанта на брендот досега, а моделот е многу необичен.

Познато е дека „Луј Витон“ е статусен симбол и моден бренд кој се продава по високи цени, но оваа сума ги изненади дури и претставниците на компанијата. Иако на почетокот би помислиле дека се работи за античко парче, или уникатен моден додаток обложен со ретки дијаманти, напротив, во овој случај, и двете овие претпоставки би биле погрешни, бидејќи дизајнерската чанта е во форма на жолта тиква, пишува „Хелоумагазин“ (Hellomagazine).

Louis Vuitton x Yayoi Kusama Pumpkin Bag 2023 (Drop 2)
byu/Homiesexu-LA inLouisvuitton

Станува збор за кратка продукциска серија, изработена од црна и жолта кожа и направена во соработка со јапонскиот легендарен уметник Јајои Касума(94), чија љубов кон точките создаде свет на инспирација и за модниот и за уметничкиот свет.

Шефот на продажбата, Пејџ Рубин, изјавил дека чантата „ги погодила лојалните колекционери на уметнички дела на Кристи“ и затоа постигнала таков успех, а аукциската куќа постигнала неверојатен резултат со „Касума тиквата“.

Патем, аукциската чанта „четирипати“ ја надминала својата почетна цена поставувајќи нов светски рекорд не само за моделот, туку и за секоја чанта на Луј Витон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот