Пробајте ги овие методи: Што да направите да не ви „пукне“ стомакот откако ќе се прејадете

Фото: Профимедиа

Повеќето од нас го доживеале искуството на прејадување, особено за време на викенди или празници, а сме сфатиле дека сме претерале дури откако ќе завршиме. За да го избегнете непријатното чувство овој пат, остојат некои чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро и да се вратите на вашата нормална рутина на исхрана, пишува „Инсајдер“.

Повремениот обилен оброк нема да ви наштети

Жените со умерено активен животен стил треба да имаат за цел да јадат околу 2.000 калории дневно, според упатствата на УСДА. На мажите генерално им требаат повеќе калории – околу 2.600 за да ги задоволат своите нутритивни потреби. Иако некои фактори, вклучително и колку години имате и колку вежбате, може да влијаат на овие бројки.

За диета со 2.000 калории, ако ја поделите на три оброци плус две ужини дневно, тогаш појадокот, ручекот и вечерата треба да бидат околу 500 калории секој, а секоја ужина треба да содржи 250 калории.

Дури и ако се придржувате на редовен план за оброци, многумина од нас имаат тенденција да ги надминуваат ограничувањата на калории на празници како што е Нова година или Велигден, каде што често јадењето е дел од приликата. На пример, просечен Американец наводно троши 4.500 калории на еден таков голем празник.

Ако овие повремени прослави се единствениот пат кога ќе се прејадете, тогаш нема потреба да се грижите премногу за тоа колку се прејадувате, вели Кристен Смит, регистриран диететичар и портпарол на Академијата за исхрана и диететика.

„Неколку оброци со поголем број калории годишно нема да направат разлика на вашата вкупна тежина или здравствена состојба. Вашиот стомак е еластичен орган“, вели Смит, така што може да се протега за да ја задржи дополнителната храна кога јадете повеќе од вообичаено. „Но, честопати ќе доживеете непријатни симптоми кога тоа ќе се случи“.

Бидејќи вашиот стомак е растегнат над својот вообичаен капацитет, некои од најчестите симптоми што може да ги почувствувате се болки во стомакот, надуеност, лошо варење или гадење, вели Смит. Може да доживеете киселини во желудникот (ждригавица) кога вашиот пренаполнет стомак ќе изврши притисок врз сфинктерот што го одвојува желудникот и хранопроводникот, што доведува до опуштање и овозможува киселата содржина од желудникот да се врати во чувствителното ткиво на хранопроводникот.

Испробајте ги овие методи за да се чувствувате подобро по обилен оброк

Прошетајте

Одењето прави вашиот стомак побрзо да се испразни, иако можеби нема да ви помогне да се чувствувате помалку надуени и полни. Меѓутоа, кога вашиот стомак се празни побрзо, помала е веројатноста да имате ждригавица или симптоми на рефлукс на киселината.

„Не очекувајте да ги согорите сите калории од храната што неодамна сте ја јаделе, но физичката активност може да помогне во варењето“, вели Смит.

Смит препорачува најмалку 5 до 10 минути пешачење, додавајќи дека тоа може да помогне и во балансирање на шеќерот во крвта, кој може да скокне по обилен оброк.

Пијте вода

Кога јадете обилен брок, можете да внесете многу натриум без да го сфатите тоа, што може да предизвика да ја задржите водата и да се чувствувате надуени. Водата за пиење може да помогне да се исфрли дел од натриумот од храната што сте ја јаделе, вели Смит.

Но, внимавајте да не пиете многу веднаш по јадењето, бидејќи тоа може дополнително да го прошири вашиот стомак и да ви предизвика стомачна болка, вели Смит, и додава повремено во текот на денот да се редихидрирате. И секако, избегнувајте газирани пијалаци, бидејќи тие предизвикуваат надуеност.

Не легнувајте

Иако можеби се чувствувате изморено по обилниот оброк, обидете се да се спротивставите на желбата да легнете или да заспиете. Вашиот стомак побрзо се празни кога седите исправено, покажуваат последните истражувања.

Лежењето по јадење, исто така, може да ја зголеми веројатноста да имате рефлукс на киселина, бидејќи тоа врши притисок врз мускулот кој вообичаено ја држи желудачната киселина таму каде што и е местото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот