Приведени две лица откако се степале во казино во Охрид

Вчера вечер околу 23.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, ги приведоа 59-годишниот Н.Т. од Охрид и 28-годишниот Ш.К. од струшкото село Велешта, извести СВР Охрид.

Тие, претходно во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, додаваат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот