Приведени 12 лица поради дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје

Ноќта помеѓу 7 и 8 мај, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја и тие биле лишени од слобода, информира полицијата.

Кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот