Приведен крадец кој провалил во куќа во Куманово

Полициски службеник / Фото: Архива

Вчера полицијата го привела 48-годишниот Р.А кој се сомничи дека извршил кражба во куќа во Куманово.

„На 20.12.2023 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улица „Никола Вапцаров” и одзел повеќе предмети“, информираат од МВР.

Р.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот