Приведен битолчанец за кражба во обложувалница во Прилеп

Македонска полиција / Фото: МИА

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР – Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР – Битола на вчера го лишиле од слобода 29-годишниот битолчанец А.Б., поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп.

Како што информира МВР, при кражбата, осомничениот од обложувалницата одзел метален сеф со пари.

„Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот