Принцот Хари изгуби против таблоидите: „Фотографијата“ на слон во Африка е „лажна“
Принцот Хари го загуби случајот портив весникот „Мејл“.
Војводата од Сасекс во неделата ја загуби првата тужба против „Мејл“: за Светскиот ден на слоновите, тој објавил фотографија од Африка, каде е во близина на слонови, и под која навел дека успеале да ги следат слоновите (со помош на сателит) со цел да ги дознаат нивните основни миграциски движења. Но, весникот ја кажа вистината.
„Слоновите биле дрогирани и врзани, тоа е она што не го кажа Хари за неверојатните фотографии“. Во написот на „Мејл“ всупност се открива вистината дека животните биле врзани и смирени со седативи.
Војводата од Сасекс го осуди весникот за „медиумско малтретирање“ упатувајќи жалба до Независната организација за стандарди за печат (ИПСО), органот што го регулира британскиот печат.
Одговорот пристигна: „Мејл“ со написот не го наруши етичкиот кодекс според кој „печатот мора да гарантира дека не објавува неточни или искривени информации или фотографии“.