Принцот Вилијам имал „сајбер врски“ со познати девојки пред бракот со Кејт Мидлтон: Кралски писател открива со кои!

принц вилијам кејт мидлтон
Фото: EPA/GEOFF CADDICK

Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам среќно се венчаа во 2011 година, но пред тоа, нивната врска се прекинуваше со години, а заради љубопитноста на јавноста принцот во тие периоди беше поврзуван со бројни девојки. Но, сега дознаваме како Вилијам ги поминувал годините пред да се венча со војвотката – во „сајбер врски“ со две познати личности!

Преку книгата на Роберт Лејси, „Битката на браќата“, дознавме како принцот Вилијам еднаш и се јавил на Кејт, години откако започнала нивната романса, за да ја прекине врската со неа во едночасовен телефонски повик.

Години пред принцот Вилијам да се ожени со својата сопруга Кетрин, војвотката од Кембриџ (позната како Кејт Мидлтон), тој очигледно имал контакт со две познати личности!

Биографот Кристофер Андерсен ги открива деталите.

принц вилијам
Фото: EPA/JULIE HOWDEN UK AND IRELAND OUT

Бритни Спирс

„Вилијам и Спирс се обидоа да се сретнат кога беа млади… Имало телефонски разговори, но не се сеќавам дека тие навистина успеале да се сретнат во тој период“, изјави Андерсен.

Бритни, всушност, го потврди тоа и самата во 2002 година, велејќи дека тие „малку размениле емаил комуникација, а тој требало да дојде и да ја види некаде, но не успеало“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elite Daily (@elitedaily)

Лорен Буш

Лорен Буш, внуката на претседателот Џорџ В. Буш и внука на поранешниот претседател Џорџ Буш и поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, исто така била во контакт со принцот Вилијам, според Андерсен.

„Принцот Вилијам исто така имаше еден вид слични сајбер односи и со Лорен Буш, моделот и внуката на претседателот Џорџ В. Буш“, додаде Андерсен.

Лорен Буш се омажи за Дејвид Лорен, синот на Ралф Лорен, во 2011 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dicharachera (@_dicharachera)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот