Принцот Хари си ја отвори душата: Не ми е доволен еден психијатар, ми требаат двајца

принц хари меган маркл
Принц Хари и Меган Маркл / Фото: Профимедиа

Принцот Хари често се залага за терапии и за ментално здравје на самитите на кои присуствува, особено откако се повлече од кралското семејство со сопругата Меган Маркл.

Хари знае колку е тешко да се нема поддршка, па затоа своето искуство со задоволство го споделува со другите. Сега тој уште еднаш го сподели своето искуство со терапевтот по растењето во кралското семејство.

„Имам терапевт. Посакувам да имам двајца“, рекол војводата од Сасекс за време на сесијата, пренесува „Пипл“.

Ова не е првпат Хари да зборува за своето ментално здравје. Минатиот мај, тој сподели дека неговата сопруга Меган Маркл го охрабрила да побара терапија. Во документарната серија што ја креираа заедно со Опра Винфри, Хари зборуваше за тоа како терапијата не била тема на разговор во неговото семејство.

„Дури кога неколку мои блиски луѓе почнаа да ми зборуваат: ‘Ова не е нормално однесување, можеби треба да го погледнеш ова или можеби да одиш и да побараш помош.’ Веднаш помислив, не ми треба помош“, се сеќава тој во една од епизодите, во текот на кои се зборува и за тоа како неговите доцни 20-ти, поточно од 28 до 30, биле „кошмар“ период.

Денови полни со вознемиреност и исцрпеност од кралските обврски.

Во раните триесетти, ја запознал својата идна сопруга, која го инспирирала да ја сфати терапијата посериозно од порано.

„Знаев дека ќе ја изгубам оваа жена (Меган) со која би можел да го поминам остатокот од мојот живот, ако не одам на терапија и не се подобрам. Тоа беше почеток на патот на учење за мене. Станав свесен дека живеев во балон, во ова семејство, во оваа институција, бев речиси заробен во процесот на размислување или начин на размислување“, бил искрен принцот Хари.

Никој не му кажал на Хари кога починала кралицата, а тажната вест ја дознал читајќи вести на Интернет

ВО ЖИВО: Вилијам, Кејт, Хари и Меган пристигнаа во Виндзор

Принцот Хари пристигна во Балморал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот