Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора е 847,83 милиони евра

Подгорица фото МИА

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора на крајот на септември изнесува 847,83 милиони евра, а во исто време од државата се исплатиле 248,8 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора.

„Нето-приливот на странски директни инвестиции изнесува 599,03 милиони евра, што е за 70,03 отсто повеќе во однос на истиот период лани”, се наведува во Билтенот на Банката.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е зголемен за 41,32 отсто во однос на споредбениот период.

Од државата се одлеале 92,48 милиони евра по основ на инвестиции на резиденти во странство, а повлекувањата на средства од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесуваат 156,32 милиони евра.

Приливот на странски директни инвестиции во форма на капитални инвестиции изнесува 465,05 милиони евра. Од нив 322,2 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 142,85 милиони евра во фирми и банки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот