Пријателството се префрли на интернет: Кои се последиците за тинејџерите?

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Со зголемената употреба на паметните телефони, тинејџерите ги менуваат и моделите на однесување, а со тоа и времето поминато во личен контакт со пријателите, пишува „Биг тинк“.

Според податоците добиени од 20-годишното истражување на Универзитетот во Мичиген, во 1996 година американските тинејзери, на возраст од 15 до 16 годин, излегувале со пријателите во просек два и пол пати неделно. До 2020 година, пред пандемијата на коронавирус, стапката се намали на еден и пол пати неделно.

Според резултатите од 20-годишното истражување на Универзитетот во Мичиген, американските тинејџери (на возраст од 15 до 16 години) излегувале со своите пријатели во просек два и пол пати неделно во 1996 година. До 2020 година, пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, стапката се намалила на еден и пол пати неделно.

Драматично намалување на времето поминато во дружење било забележано во 2012 година. Во овој период, повеќето тинејџери поседуваа свој паметен телефон, а повеќе од 70 отсто од нив секојдневно користеа социјални медиуми.

Денес тинејџерското пријателство изгледа сосема поинаку отколку пред 20 години и, можеби, веќе ги гледаме негативните ефекти од тој тренд. Професорката по психологија на државниот универзитет во Сан Диего, Џин Твенз вели дека тинејџерите денес поминуваат многу помалку време во директен контакт со луѓето во споредба со тинејџерите во раните 2000-ти.

Веројатно, не е тешко да се открие зошто. Припадниците на генерацијата Зет, родени меѓу 1997 и 2012 година, личните контакти ги заменија со комуникација на социјалните медиуми – пријателството се префрли на интернет.

Сепак, дигиталните пријателства не можат да ги заменат пријателствата во реалниот живот. Текстуалните разговори, генерално, се посиромашни – лесно може погрешно да се процени контекстот и недостасуваат важните знаци за невербална комуникација.

Исто така, поради зголемената употреба на социјалните медиуми, процентот на тинејџери кои спијат помалку од седум часа повеќето ноќи се зголемил од 34 проценти во 2012 година на 49 проценти во 2020 година.

„Луѓето, кои не спијат доволно и кои поминуваат помалку време со пријателите, имаат поголеми шанси да станат депресивни, а тоа е она што масовно им се случи на тинејџерите и младите луѓе“, додава професорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот