Причината поради која Ева Мендез веќе не е најпосакуваната жена во Холивуд!

Една од најубавите љубовни приказни во Холивуд е секако онаа на прекрасните Ева Мендез и Рајан Гослинг, кои со години го привлекуваат вниманието на јавноста.

Медиумите низ годините ставаа фокус на фактот дека Ева воглавно може да ја видиме само во опуштени изданија, а се поретко на црвениот тепих, со оглед на тоа дека одлучила да се посвети на семејството и одгледување на децата. Од филмската сцена се повлече уште во 2014 година, кога го сними својот последен филм.

Иако делува дека љубовта помеѓу нив двајца цвета и нема конкретни назнаки дека нешто не е во ред, минатата година започнаа првите гласини за кризата во нивниот однос.

„Ева не ја напушта куќата откако ги добија децата“, открил пред неколку месеци извор близок на семејството.

Колку се точни гласините, не е сигурно. Но, вистина е дека ретко може да се забележат заедно во јавност.

До таа мера ја чуваат својата приватност што и во телевизиските емисии ја демантираа веста за првата бременост на Ева, иако сепак, таа била бремена. Интересно е тоа што пред да ја роди Есмералда Амада, Ева себеси не се гледала во улогата на мајка.

„Морам да признаам дека немам мајчински инстинкт, не мислам дека ми отчукува часовникот. Кој знае, можеби ќе ми се случи тоа после 41-та година, што им се случи на многу мои пријателки кои не сакаа да имаат деца“, рече тогаш Ева.

Во септември 2014 година, таа ја родила Есмералда и тогаш сè се променило. Станала посветена мајка и домаќинка, а својата актерска кариера дефинитивно ја остави на страна. Не сакала децата да ѝ ги одгледуваат дадилки, туку ја прифатила само помошта од своите родители.

„Тоа што луѓето не го знаат за мене е дека навистина уживам да сум дома. Наместо да се фотографирам на црвениот тепих, обожавам да поминувам време со своите ќерки дома“, рекла актерката во 2017 година.

Атрактивната актерка својата врска со колегата Рајан Гослинг ја започна во 2011 година, а нивниот брак денес важи за еден од најстабилните и најубавите во светот на шоубизнисот. Парот во 2014 година ја доби првата ќерка Есмералда Амада, а две години подоцна ја добија и Амада Ли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот