Презентација на анализа на Деловникот и Законот за Собрание од аспект на родот и различностите

Фото: МИА

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за Собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

Оваа активност, како што соопшти собраниската прес-служба, е дел од Планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020 – 2021, а наодите и препораките ќе му послужат на законодавниот дом за надградување на овие два документа со родово-сензитивни одредби.

Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска-Давкова, претседателката на Клубот на пратенички Лолита Ристова, Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието, Надика Рајаратнам, правен офицер од ОДИХР.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата и Клубот на пратенички, на презентацијата поканети се претседателите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетнни прашања и Комитетот за односи меѓу заедниците, Панчо Минов и Арбана Пашоли, како и собраниската служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот