Превозниците победија: Наместо 26, сега во автобусите ќе се возат по 36 патници

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Превозниците се задоволни од одлуката на Владата, да им се зголеми капацитетот во автобусите и комбињата од 50 на 75 отсто. Тоа значи дека ако досега се возеле по 26 патници, нивниот број ќе се зголеми на 35. Вака е можно да се работи на граница на рентабилноста, а е во согласност и со правилата и протоколите во превозот и со соседните држави и ЕУ.

-Ова е тоа што го баравме веќе подолго време. Задоволни сме и сега може да каже дека ќе имаме рентабилност. Загубите за превозниците на патници во слободен превоз исклучиво заради туризам се огромни. Добра вест е и тоа што инспекциите се постојано на терен и мандатно ги казнуваат нелојалните конкуренти – вели за „Слободен печат“, Дончо Нацев, сопственик на „Арбо травел“.

Речиси цела година, поради пандемијата, најголемиот дел од превозниците ги почитуваат здравствените препораки и возеа со 50 отсто од бројот на седиштата во автобусите и комбињата.

Според податоците од Светската унија на превозници (ИРУ), во многу земји веќе е дозволено да вози со стопроцентна исполнетост на туристичките автобуси. Во МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика, може да се извади податок дека во 2019 година во земјава биле регистрирани 3.144 автобуси, а од нив 941 во Скопје.

За непочитување на владините одлуки поврзани со организираниот превоз се предвидени високи парични глоби до 2.000 евра. Ова е четврта одлука на Владата за патничкиот превоз од почетокот на пандемијата. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните три лански месеци, патничкиот превоз e намален за речиси 52 отсто во на истиот период од 2019 година.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот