Претставата „Народен непријател“ на МНТ гостува во Црна Гора

По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022.

Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора и регионот (Р Србија, Р Хрватска, БиХ и РС Македонија).

Претставата „Народен непријател“, во која играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер, на 12 ноември, на сцената на Никшиќко позориште.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата која работи секој работен ден и сабота од 12.00 до 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот