Претседателот Пендаровски утре на средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

фото Архива

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 28 април 2021 година, среда, во Брисел ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Почетокот на средбата е предвиден во 12.45 часот, по што во 13.15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и Генералниот секретар Столтенберг.

Претседателот Пендаровски ја завршува дводневната работна посета на Брисел, во рамки на која, покрај средбата со Генералниот секретар Столтенберг, оствари средби со челниците на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот