Претседателот Пендаровски се сретна со народниот правобранител Зибери

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими народниот правобранител, Насер Зибери. На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, народниот правобранител го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права за 2020 година.

Народниот правобранител информираше дека во текот на 2020 година состојбата со пандемијата на ковид-19 се одрази и врз работата на институцијата што ја предводи, како во поглед на бројот на примените претставки, така и во однос на сите останати активности, на домашен и на меѓународен план.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за натамошно јакнење на улогата и независноста на народниот правобранител како орган кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните и кој ја следи состојбата на почитување на човековите права и укажува на потребата од нивна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот