Претседателката на српското собрание и министерот за одбрана Вулин позитивни на Ковид-19

фото Архива

Според денешните податоци, во таа држава драстично е зголемен бројот на новозаразени – 227 од Ковид-19.

Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ е хоспитализирана откако е потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Таа има воспаление на белите дробови, но според српски медиуми добро се чувствува.

Со новиот коронавирус заразени се и министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин и шефот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

Според денешните податоци, во таа држава драстично е зголемен бројот на новозаразени – 227 од Ковид-19. Бројот на активни случаи е 1.197, а на респиратори се 32 пациенти. Во изминатите пет денови во Србија има трицифрен пораст на новозаразени.

Седуммина студенти од Студентски град во Белград се заразени со Ковид-19, а присуство на вирус е потврдени и кај четири ученици од осмо одделение и двајца директори на училишта во Белград и Нови Пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот