Претседателите Пендаровски и Пахор на показна вежба на армиските специјалци во Охрид

Фото: МИА

Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.

На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад.

Полковник Сашо Лафчиски, началник на Одделението за специјални операција при Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија за самата вежба појасни дека се работи за демонстрација на боречки вештини и употреба на специјални тимови за решавање заложничка криза.

– Првата вежба беше демонстрација на боречки вештини, додека вториот елемент дел беше покомплексен затоа што покрај специјалните тимови во акцијата како поддршка беше вклучен хеликоптер Ми-17 од Вингот на Армијата, што помогна и при извлекувањето на дел од нуркачите. Гостите од Словенија беа задоволни од демонстрацијата на способноста на двата декларирани тимови за НАТО водени операции, рече Лафчиски.

Претходно Пендаровски и Пахор претходно беа во обиколка на Охрид, при што посетија некои од културно-историските знаменитости во Стариот дел на градот како црквата „Света Богородица Перивлепта” со Галеријата на икони и катедралната црква „Света Софија”.

Пендаровски и Пахор на прошетка низ Стариот дел на Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот