Претрес во Велес, приведени петмина дилери на дрога

Македонска полиција / Фото: МИА

Одделението за недозволена трговија Велес вчера лишило од слобода пет лица – М.Ж.(31), К.Д.(21), Ј.М.(20) и В.М.(39) и еден малолетник, сите од Велес.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М.Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј.М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени.

Подоцна и К.Д., кој претходно бил во домот на Ј.М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана. Тој набрзо бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена.

Од МВР информираат дека синоќа, околу 21:00 часот по наредба на Основен суд Велес извршен е претрес кај Ј.М. Притоа биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ.

– Ј.М. бил приведен, а при претресот, В.М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства, по што и таа била лишена од слобода. Во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот