Претрес во Кичево, пронајдено оружје кај едно лице

Македонска полиција / Фото: МИА

Полициски службеници вчера лишиле од слобода кичевец, откако во неговиот дом биле пронајдени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 мм, соопшти денеска МВР.

„Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм“, се наведува во соопштението од Министерството.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот