Претепан внукот на Харадинај

Фото: Курир.рс

Неколку маскирани напаѓачи во Пеќ претепале две млади лица и им нанеле повреди со ножови и метални палки.

Една од жртвите е Е.Х., роден во 2001 година, кој е всушност роднина на Рамуш Харадинај.

Според приштинските медиуми, нападот се случил вчера околу 17 часот. Била повикана полиција, а повредените биле однесени во болницата во Пеќ. На еден од повредените му била укажана хируршка помош, додека другиот бил брзо пуштен на домашно лекување.

– Повредените имаат рани на главата и по нозете, но не се во животна опасност – изјавиле од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот