ПРЕКРШЕН ИЗБОРНИОТ МОЛК – ЦИВИЛ го забележа првиот случај

Фото: МИА

ЦИВИЛ првиот случај за прекршување на изборниот молк го забележа во Штип.

Подмладокот на една политичка партија што поддржува еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, организира забавен настан во градот, со почеток во 21 часот.

Присутните активисти на партијата, по полноќ, во изборен молк, скандираат со името на партијата, а на присутните гости им се делат ваучери за бесплатен пијалок со симболи на партијата што се доведуваат во врска со самата кампања.

Според ЦИВИЛ, ова е грубо кршење на изборниот молк, за што постојат фотографии и видео снимки кои ќе им бидат дадени на увид на институциите, доколку искажат намера да постапуваат по овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот