Предупредувачки знак што се појавува една недела пред мозочниот удар

Фото: Профимедиа

Иако мозочниот удар може да се случи ненадејно, првите знаци понекогаш се појавуваат неколку дена пред тоа.

Студијата објавена во списанието на Американската академија за неврологија сугерира дека 43 отсто од пациентите со мозочен удар доживеале симптоми на мозочен мини – удар до една недела пред тоа.

Мозочниот мини – удар или минлив исхемичен напад е предизвикан од нарушување на снабдувањето со крв во мозокот, токму како и вистинскиот мозочен удар, единствената разлика е во тоа што мозочните мини – удари се привремени.

Набљудувајќи 2.416 луѓе, истражувачите откриле дека 549 ​​пациенти имале помали мозочни удари пред итната помош. Еден од најчестите предупредувачки знаци за претстојниот мозочен удар е ненадејната главоболка.

„Главоболките поврзани со мозочен удар се разликуваат од стандардните главоболки бидејќи се појавуваат ненадејно. Болката е силна и може да се лоцира во кој било дел од мозокот. Понекогаш главоболката е придружена со гадење, вртоглавица, искривен вид и дезориентација, па може да се погреши. Меѓутоа, клучната разлика помеѓу овие две состојби е тоа што главоболките поврзани со мозочен удар доведуваат до губење на сензациите, додека мигрената доведува до зголемени сензации“, објаснил д-р Питер Бајром за британски „Експрес“ (Express).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот