Предложените амбасадори реферираат пред Комисијата за надворешна политика

Фото: МИА

Добрите билатерални односи без отворени прашања меѓу Северна Македонја и Косово се добра основа за натамошно унапредување на соработката, оцени денеска предложениот амбасадор на земјава во Косово Шпреса Јусуфи, образложувајќи ја платформата за делување во рамки на оваа функција. Таа најави дека ќе работи на унапредување на политичката и општествената соработка, соработка во културата и обрзаованието, но пред се како што рече, ќе се посвети и на унапредување на економската соработка.

-Заедничките стратешки определби се добро поставени и упатуваат на тоа дека ќе продолжи праксата за зајакнување на добрососедските односи и соработка. Дел од активностите на кои ќе бидам фокусирана во текот на мојот мандат се постојано продлабочување поттикнување и унапредување на политичките односи, контакти со релевантни политички субјекти дипломатскиот кор за сеопфатно следење на состојбите и процесите во земјата и нивното евентуално влијание врз билатералните односи и соработката со земјава, динамизирање на билатералната комуникација на сите нивоа, реализација на посети на највисоко ниво и работни средби на сите нивоа, рече Јусуфи.

Таа истакна дека во извршувањето на оваа функција ќе се залага и за продолжување на почнатите иницијативи и проширување на договорната рамка во различни области од заеднички интерес и тоа земјоделие, енергетика, туризам, здравство, култура, транспорт, одбрана, внатрешни работи, економија, животна средина, образование, како и во областа на дијаспората.

Потенцира дека ќе работи и на зголемување на мрежа на контакти во Косово во насока на поврзување на стопанските субјекти и комори и упатување на заеднички средби и контакти, организирани бизнис форуми, зголемување на извоз на македонски производи, поттикување на заеднички настапи на компании од двете земји на трети пазари, промоција на туризмот и туристички понуди и поттикнување заедничка туристичка промоција. Ќе работи и интензивирање на врските со македонско горанската заедница за подобрување на нивниот статус во косовското општество согласно европските стандарди и законската рамка на Косово.

Пред членовите на Комисијата за надворешни работи за своите идни активности реферираше и предложениот амбасадор при Светата Столица Марија Ефремова. Таа рече, дека меѓудругото, ќе работи на  продлабочување на релациите со папскиот совет за промоција на единството на христијанството, како и религискиот дијалог, на интензивирање на соработката со архивите на Ватикан, но и на разгледување на можноста за отворање апостолски нунцијат во Скопје.

Пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека предложениот кандидат е квалитетен кадар и оти е уверена дека добро ќе си ја извршува функцијата за која е предложена. Таа побара од Ефремова да се заложи за афирмација на сесловенскиот карактер на светите Браќа на Кирил и Матодиј.

Тие, потенцира, се особено значајни, бидеќи ние во Република Македонија имаме најстар Универзитет кој го носи токму името на просветителите, а денеска под притисок на дневнополитичките ситуации гледаме дека одеднаш тоа добива друга карактер.

-Вие како претставници надвор ќе треба пред Светата столица некако да ни го исчистите образот во име на вистината и традицијата, рече Василевска.

За пратеникот Тимчо Муцунски Ефремова е пример, како и политички предложен амбасадор, кој е излезен надвор од преофесионалниот состав на МНР, може да биде квалитетен.

– Само би сакал да посочам, односно да ве стимулиран голем дел од вашуиот фокус да го ставите на научната соработка, бидејќи мислам дек заостанува во изминатиот период, рече Муцунски.

Пред Комисијата платформите претходно ги образложија предложените амбасадори на Северна Маедонија во Албанија, Данчо Марковски и во Казахстан Сали Лимани. Пред комисијата треба да реферираат и платформите да ги образложат и постојаниот претставник при Советот на Европа во Стразбур Светлана Гелева, за амбасадор во Атина Лидија Бошковска, за амбасадор во Чешка Сашко Тодоровски, во Jапонија Горан Цеков, во Србија Васко Грков, во Канбера, во Австралија Билјана Стефановска Сековска, во Холандија Бети Јачева и во Естонија Драган Јорданов.

Претседателот на Комисијата Антонио Милошоски најави дека поради други обврски на пратениците во Собранието седницата ќе биде прекината, а продолжението дополнително закажано.

Минатата недела на седница на Комисијата за надворешни работи за своите идни планови рефереираше Дане Талески, кој е новиот амбасадор кој ќе ја претствува земјата во Мисијата во НАТО во Брисел. Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа тогаш пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ОН го претстави Теута Агаи – Демхаја, а реферираа и нашите амбасадори во Данска Фатон Бејта и во Катар Шабан Јашари.

Данчо Марковски ја претстави платформата за работа како амбасадор во Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот