Пред Велиденски контроли во Хрватска: Казните за нелегална продажба на јајца и до 3900 евра!

Цени на пазарот, табла јајца/ФОТО: Слободен печат

Во пресрет на Велигден почнаа инспекциите за проверка на пазарите, а во Винковци изречени првите казни за јајца и колачи.

„Во конкретниот случај, на пазарот се проверуваа јајца кои немаа здравствени знаци, немаа ознаки на фармата и најнормално беа отстранети од пазарот“, објаснува Кристина Вулјаниќ од санитарната инспекција за ТВ „Дневник Нова“. Од продавачот се одземени 90 пронајдени јајца. Казнет е и со 190 евра. Прво треба да не опоменат, па потоа да не казнат парично, бидејќи не е добро само да земате пари. Казната е последна мерка“, коментира Иво од Винковци.

Според Државниот инспекторат, изречени се најблаги казни: за нерегистрирана продажба се движат од 530 до 9.290 евра, а за продажба на храна без здравствена ознака од 190 до 3.900 евра. До 28 март инспекторите ќе ги чешлаат маркетите и продавниците на мало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот