Правда по 30 години: Уапсени шест лица обвинети за воени злосторства врз 56 Срби во областа Фоча

Фото: Фејсбук/принтскрин

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) во областа Сараево и Горажде уапсија шестмина осомничени за воени злосторства над 56 лица од српска националност во селото Јошаница кај Фоча во декември 1992 година.

Осомничените се под истрага за воено злосторство извршено во селото Јошаница кај Фоча во декември 1992 година, кога беа убиени 56 жртви од српска националност, претежно цивили, меѓу кои и жени и деца, соопшти Обвинителството на БиХ.

За време на нападот запалени и уништени се куќи и имот, а жртвите на злосторството се пронајдени и идентификувани.

Осомничените се обвинети за учество во нападот на селото и за злосторства врз населението како команданти и членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот