Пратеникот Стојаноски: Преферираме коалиција со албанска опозиција, но во политиката никогаш не вели никогаш

Бојан Стојаноски, пратеник
Бојан Стојаноски, пратеник / Утрински брифинг

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ преферерира да коалицира со албанската опозиција по парламентарните избори, ова го изјави пратеникот Бојан Стојановски во гостување на ТВ21, но појасни дека сепак, во политиката никогаш не треба да се каже никогаш.

Прашан за идната коалиција и нон-пејперот на албанската опозиција, за кој пишуваа дел од медиумите, дека тие не би коалицирале со партија која не ги прифаќа уставните измени, клучни за преговарачката рамка, пратеникот вели дека сега ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која ќе поставува услови.

„Ние се надеваме дека албанската опозиција нема да падне во замката на тој, кој секогаш кога е соочен со високи и големи коруптивни скандали прибегнува кон таква некоја реторика. Ние ќе имаме доволен број на пратеници за да не мора никој ништо да не оценува. И ако дојде било кој со таква уцена, ќе биде одбиен. Ќе кажеме „не“ на таквите уцени, затоа што ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе биде партијата која ќе поставува услови, коишто ќе треба да бидат исполнети. А тоа е департизација на неспособната администрација која е наполнета со партиски кадри кои потоа делат гласови. Тоа ќе биде еден широк реформски концепт којшто ќе значи дека секој којшто ќе сака да биде дел од владата да биде вклучен, и да ги поддржува овие реформи за кои ние имаме намера да ги спроведеме, коишто реално ќе не доближат кон Европската унија“, вели Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот