Познати сите учесници во главните квалификации за Европското првенство 2025

фото: kfsm.mk

По завршувањето и на третата рунда од претквалификациите, и официјално ги дознавме сите репрезентации кои ќе бидат дел од главните квалификации за пласман на следниот Евробаскет кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември 2025 година во четири земји: Летонија, Кипар, Финска и Полска.

Меѓу 32 репрезентации кои ќе се обидат да изборат место на ЕП се: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Македонија успеа во втората рунда од претквалификациите да го освои првото место во својата група пред Словачка, Норвешка и Данска, и така директно обезбеди место во главните квалификации.

Жрепката за ЕП 2025 е закажана за 8 август во Минхен, Германија, репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции, а церемонијата ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Јутјуб од 11.30 часот.

Квалификациите за Евробаскет 2025 ќе се играат во три периоди од 19-27 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025 година.

На ЕП 2025 ќе се најдат трите најдобропласирани репрезентации од секоја група, освен групите во кои се домаќините на Евробаскетот Кипар, Финска, Полска и Летонија. Во групите кои ги содржат земјите домаќини, домаќинот и другите две најдобропласирани селекции ќе се квалификуваат за ЕП 2025.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот