Познати се македонските претставници на Red Bull Can You Make It? 2024

Тим "Rodeo", македонски победници на Red Bull Can You Make It? 2024

Петар (20), Марко (21) и Павел (20), членови на тимот “Rodeo“, на 21 мај ќе тргнат на неповторлива 7 дневна авантура наречена – Red Bull Can You Make It?

Тим “Rodeo”, македонски победници на Red Bull Can You Make It? 2024

За сите оние што не знаат, Red Bull Can You Make It? е уникатна животна авантура во која тимови составени од 3 члена, од различни делови од светот, имаат 7 ден на располагање да патуваат низ Европа, без новчаник и мобилен, користејќи ја единствено Red Bull лименката како валута.

Покрај главната дефиниција, основните правила на проектот Red Bull Can You Make It? се следниве:

21 мај – старт на авантурата. Локација ќе биде обелоденета пред самиот почеток!

5 стартни локации (Милано, Копенхаген, Будимпешта, Барселона и Амстердам).
Крајна цел – Берлин!

Исклучиво користење на Red Bull лименката како валута! Тимовите треба да менуваат лименки за буквално сѐ што им е потребно – храна, транспорт, место за спиење и/или друго.

Секој учесник ќе добие посебен мобилен со една претходно инсталирана апликација преку која, во живо, ќе го споделуваат патувањето со фановите на веб страната redbullcanyoumakeit.com.

Задолжителна посета на 6 контролни точки, распределени во различни европски градови, каде ќе имаат задача да прават различни преизвици. Сите овие предизвици носат бодови, а победник е оној тим кој ќе собере најмногу бодови, а не оној кој ќе стигне прв до крајната цел!

Инаку, тимот “Rodeo” во тесна борба и сериозна конкуренција успеа да биде најкреативниот, најупорниот и најшармантниот тим кој ќе ја претставува нашата држава на Red Bull Can You Make It 2024?

Тимот “Rodeo” го сочинуваат тројца студенти од Скопје и тоа:

Петар

Петар (20), студент на Машински факултет, ендуро велосипедист, обожава адреналински спортови, Формула 1 фанатик и сериозен колекционер на патики;

Марко

Марко (21), студент на Машински факултет, фан на добра музика и кафе и обожава велосипедизам и активности во природа и

Павел

Павел (20), студент на Економски факултет, голем љубител на спортот и секогаш расположен за авантуристички предизвици.

Тимот “Rodeo” од оваа авантура очекува сериозна дружба, запознавање на нови луѓе и култури, а сето ова пропратено со смеа, забава и едно неповторливо животно искуство. Eве што имаат тие да кажат:

“Ауууу многу сме возбудени. Нашата добитна тактика за Red Bull Can You Make It? е – Go With The Flow… Од оваа авантура очекуваме пред сѐ сериозно-добра дружба, запознавање на нови убави и фини луѓе и огромни дози на хумор и смеа.”

Но, тоа не е сѐ! Бидејќи во 2020 се случи тоа што се случи во светот, тимот од Македонија кој беше избран за учесник на Red Bull Can You Make It? не доби шанса да оди на оваа уникатна авантура. Четири години подоцна Ирис, Клаудија и Мелани, членовите на тимот “Fake It Till You Make It”, ќе тргнат на пат со крајна дестинација – Берлин!

Ирис, Клаудија и Мелани

Тие изјавија:

“Нашето име кажува многу за нас – уживаме во процесот на претворање на секој предизвик во победа преку демонстрација на најкреативното решение за краен успех. Секогаш подготвени за многу забава, умешно снаоѓање и одење до крај… Till You Make It!”

Повеќе информации и детално пратење на авантурите на тимовите можете да најдете на www.redbullcanyoumakeit.com и на @redbullmakedonija на Инстаграм.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот