Познат датумот на кој Усик ќе ги брани титулите против Џошуа

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Долгоочекуваниот реванш боксерски меч во тешка категорија помеѓу Олександр Усик и Ентони Џошуа ќе се одржи на 20 август.

Градот во кој Усик ќе ги брани титулите ВБА, ВБО и ИБФ верзиите во тешка категорија против Џошуа ќе биде Џеда, Саудиска Арабија.

Џеда е вториот најголем град во Саудиска Арабија, а мечот ќе се одржи во „Џеда Супер дом“ стадионот кој има капацитет од 35.000 гледачи.

Првично мечот требаше да се одржи пред осум месеци, но мораше да биде одложен поради руската инвазија врз Украина поради што Усик одбиваше да ја напушта земјата и одредено време беше дел од територијалната одбрана на својата земја. Сепак, во април Украинецот ја напушти земјата и ги започна подготовките за мечот против Џошуа.

Првиот меч се одржа на 25 септемви 2021 година во Лондон и на него славеше Усик на поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот