Повторно висок број заразени со Ковид-19, вкупно 3.572 активни случаи

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Скопје и натаму најмногу активни случаи – 1 804, а следат Тетово со 286, Куманово – 212, Штип – 195, Струга – 166, Гостивар – 157, Свети Николе – 134, Охрид – 122.

Сто деведесет и осум нови случаи на Ковид-19 регистрира вчера Институтот за јавно здравје. Вкупно активни случаи во земјава се 3 572. Од новодијагностицираните и натаму најмногу има во Скопје – 83, следат Свети Николе – 27, Штип – 21, Куманово – 12, Битола – 11. Во Гостивар има 10 новозаразени, Тетово – девет, Радовиш – седум, Струга, Охрид и Демир Хисар по тројца новозаболени, Прилеп, Велес и Пробиштип по двајца, а во Дебар, Кочани и Кичево по еден.

Оздравени се 97 лица – од Скопје – 71, Тетово – 12, Штип – седум, Ресен – двајца, а во Велес, Битола, Кочани, Пробиштип и Кичево по еден пациент. Починаа четворица на возраст од 49, 61, 70 и 72 години – пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86. На кислородна поддршка таму се 38 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември”, пак, вкупно се хоспитализирани 90. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8 530,  бројката на оздравени пациенти е 4 565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Во Скопје и натаму најмногу активни случаи – 1 804, а следат Тетово со 286, Куманово – 212, Штип – 195, Струга – 166, Гостивар – 157, Свети Николе – 134, Охрид – 122.

Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања за  Ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот