Повторно троцифрена бројка на новозаболени од ковид-19 во Косово

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Косово последните денови е забележан виден пораст на бројот на новозаболени од ковид-19, а денеска првпат по подолго време е забележана троцифрена бројка на лица кои резултирале како носители на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на косовското Министерство за здравство, од вчера тестираните речиси три илјади лица, 100 резултирале позитивни, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата достигна до 108 465. Од нив, болеста ја совладале 105.660 лица, кај кои првично е откриен вирусот, од кои тројца вчера.

Изминатите 24 часа во Косово не е забележан ниеден починат како последица на ковид-19, така што бројката на жртви на пандемијата остана на 2266. Активни носители на вирусот во земјата се 539 лица.

Институтот за јавно здравство на Косово вчера соопшти дека 80 до 90 отсто од новите случаи на заболени се заразени од новиот делта-сој.

Косовските здравствени власти секојдневно апелираат за што помасовно вакцинирање, како најдобра заштита од ширењето на пандемијата, со цел да се избегне повторното воведување на остри заштитни мерки.

Во Косово досега се вакцинирани над 285 илјади лица, од кои повеќе од половината (над 146 илјади) ја примиле втората доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот