Повторно отворени пазарите во Струмица

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Струмица денеска донесе одлука сите зелени пазари да се отворат за продажба на земјоделски и прехранбени производи, но со посебни услови за работа заради вонредните околности со коронавирусот, соопштија од општина Струмица.

Во соопштението се вели дека Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец” врши постојана дезинфекција, а поставени се и редари за максимално почитување на посебните услови. Сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите.

Со одлуката во Струмица се отворени Пазарот на големо и пазарите на мало „Чешел” и „Кантон”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот