Повредени 35 лица поради силни турбуленции во авион на „Ер Канада“ - Слободен печат
ВестиПланета

Повредени 35 лица поради силни турбуленции во авион на „Ер Канада“

Како што соопшти компанијата, авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради „непредвидени и изненадни турбуленции“.

Авион на „Ер Канада“, поради силни турбуленции, принудно слета на Хаваи, при што 35 лица се повредени.

Како што соопшти компанијата, авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради „непредвидени и изненадни турбуленции“.

– Според сегашните информации, 35 лица се полесно повредени – изјави портпаролката на компанијата.

Турбуленциите, како што изјави, пак, портпаролот на американската Федерална администрација за воздухопловство, се случиле на околу 11.000 метри, на околу 950 километри од Хонолулу.

Во авионот имало 269 патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close