Повик на МКЦ: Испраќајте писма со лични приказни, по повод нашиот 50 роденден

„Драг МКЦ“ е насловен специјалниот повик на Младински културен центар (МКЦ) до пошироката јавност, соработниците и сите поединци кои имаат некаква приказна поврзана со институцијата да ја раскажат во вид на писмо.

Акцијата е поврзана со јубилејниот, 50. роденден на МКЦ, што ќе се одбележува во 2022, кога покрај мноштво планирани настани, ќе се издаде и монографија во која ќе се најдат и дел од овие раскажани приказни.

Писмата може да се испраќаат во текот на цела 2021 година на поштенската адреса на МКЦ, по електронски пат, да се достават лично до МКЦ или, пак, преку неговите профили на социјалните мрежи. Приказните може да бидат лични или туѓи, анонимни или потпишани, во кој било формат што испраќачот смета дека е соодветен за прераскажување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот