Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Манастирскиот комплекс Свети Атанасиј од тетовски Лешок упати јавен повик до верниците да го помогнат со донации градењето на новиот конак. На први овој месец беше поставен камен темелник за објектот.

– Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, по 170 години, во Лешочкиот манастир „Св. Богородица и св. Атанасиј” се започна со изградба на нов конак. Ги повикуваме сите верници и добронамерници да го помогнат завршувањето на ова дело, продолжувајќи ја традицијата на нашите предци кои биле градители за Господа и во најтешките времиња и кои безрезервно го помагале Лешочкиот манастир низ вековите. Господ Бог, по молитвите на Пресветата Мајка Богородица, да ја преумножи Својата милост и Своите благодатни дарови врз оние што со љубов и вера пристапуваат кон светињите, се вели во повикот. Новиот објект претставува западно крило од конакот, на место од помошните простории од манастирскиот комплекс, се посочува во повикот до јавноста.

Оние што сакаат да учествуваат во изградбата на конакот, средствата можат да ги уплатат на жиро сметката на Лешочкиот манастир: МПЦ-ОА Скопје-Тетовско-гостиварска прав. епархија Тетово-МЛ, 300000003758883, Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: донација за конак, велат од таму.

Новиот конак е планирано да има два ката и вкупно 750 метри квадрати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот