Повеќето Финци не би ги чекале Швеѓаните за заедно да влезат во НАТО

Шведска - Финска - НАТО илустрација/ Фото Andre M. Chang / Zuma Press / Profimedia

Мнозинството Финци се за влез на нивната земја во НАТО без да се чека Шведска, која во моментов е блокирана од Турција, покажува денеска објавената анкета.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата за првпат стави до знаење дека турскиот парламент може да го ратификува пристапниот договор на Финска, но не и на Шведска, иако тие заедно го започнаа процесот на пристапување.

Анкетата на институтот Талоустуткимус објавена во финскиот дневен весник Ilta-Sanomatu покажува дека 53 отсто од испитаниците сметаат дека Финска не треба да „ја чека Шведска“ доколку процесот на ратификација на нејзиното членство трае подолго поради, на пример, противењето на Турција.

Само 28 отсто сметаат дека земјата треба да ја чека Шведска за да влезат во воениот сојуз заедно, покажува анкетата спроведена помеѓу 30 јануари и 1 февруари, а во која учествувале1.021 државјанин на Финска.

Двете земји поднесоа заедничка кандидатура за членство во НАТО во мај 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина.

Кандидатурата на Шведска и Финска, која треба да ја одобрат сите земји-членки на Алијансата, моментално е блокирана од Турција, која има забелешки дека Шведска не екстрадирала на Анкара десетици осомничени за врски со курдските „терористички“ групи и неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.

По изјавите на Ердоган, лидерите на Финска и Шведска на средба во Стокхолм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот