Може да ја „потресеме“ Шведска и да ја поканиме само Финска во НАТО, вели Ердоган

ердоган нато турција
Ердоган / EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е можно Турција да донесе одлука за членство на Финска во НАТО, што, пак, може да ја „потресе“ Шведска.

„Доколку е потребно, можеме да испратиме уште еден одговор за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаков одговор за Финска“, рече Ердоган на средбата со млади во турскиот град Билеџик.

На 18 мај лани, Финска и Шведска ги доставија своите барања за прием во Алијансата до генералниот секретар на НАТО. Досега тие се ратификувани од 28 земји-членки, а единствено Турција и Унгарија не го сториле тоа.

Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстрем, пред два дена изјави дека поради палењето на Куранот во Стокхолм, процесот за влез во НАТО е прекинат, но изјави дека се надева оти договор со Анкара ќе биде постигнат на самит на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, кој се одржува во јули Вилнус.

Претходно шефот на финската дипломатија Пека Хависто изјави дека е можно постапката за ратификација на барањето на земјата за членство во Северноатлантската алијанса да продолжи одвоено од Шведска, но тој подоцна ја повлече таа изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот