Повеќе инциденти и неправилности при гласање во Скопје, Куманово и Тетово

Избори во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Повеќе инциденти и неправилности во изборниот процес се забележани во Скопје, Куманово и Тетово, соопшти МВР.

Во 12.45 во СВР Скопје било пријавено дека дошло до прекин на гласањето на гласачкото место 2732 – градинка Лавче – Горно Лисиче, бидејки Р.И.(80) од Скопје поради недоразбирање го скинала ливчето за гласање. Од страна на избирачкиот одбор изготвен е записник и по документирање на настанот гласањето во 13.18 часот продолжило.

Во 13.00 часот во СВР Скопје, М.П. – претседател на гласачко место 2662 на ул.„Антон Попов” пријавила дека околу 12.45 часот М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пулт за гласање. Известен е полицискиот службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во Полициска станица. По извршени консултации со Јавен обвинител, утврдено е дека постојат основи на сомнение за извршено кривично дело по чл.164 став 1 од Кривичниот законик – „уништување на изборен материјал”.

Во 12.50 часот во СВР Куманово, Б.Д. – претседателка на ОИК Куманово пријавила дека кандидат за градоначалник на Куманово кај нив пријавил дека во основно училиште „Кочо Рацин” едно лице фотографирало гласачи кои го остварувале своето право на глас. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 13.10 часот во СВР Куманово, А.Д. – претседател на избирачки одбор на избирачко место 1149 во с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во близина на гласачкото место имало штаб на политичка партија на кој имало излепено рекламен материјал од политичката партија и дека пред штабот имало поголема група на граѓани кои агитираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2021 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 49-годишниот И.К. од гостиварска Лакавица во угостителски објект во близина на селскиот мост физички бил нападнат од две лица. Според пријавеното, едниот напаѓач извадил остар предмет но не го употребил. Двајцата напаѓачи се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот