Поведена постапка за скопјанец кој нападнал и повредил полицаец

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

На 14 февруари, по полноќ во близина на влезот на фабриката „Пивара Скопје“, 36-годишен скопјанец нападнал и повредил полицаец кој ја вршел работи на јавната безбедност, кои се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осомничениот за сторено кривично дело.

Осомничениот управувал автомобил „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки и најпрвин не постапил по сообраќајна СТОП наредба со светлосна сигнализација издадена од неколку полициски службеници од Единицата за интервентна полиција. Наместо да застане за личен преглед и легитимирање, тој ја зголемил брзината на возилото и ја избегнал полициската контрола. По полициска радио врска била распишана објава за пронаоѓање на возилото на осомничениот, по што на критичното место била поставена блокада од полициска патрола на службени лица од СВР Скопје. Кога дошол до блокадата, осомничениот повторно се обидел да ја избегне, и продолжил да вози кон влезот на фабриката. Влезот го блокирале неколку полициски службеници со службено возило, а оштетениот полицаец излегол за да му даде сообраќаен стоп-знак на осомничениот, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Осомничениот го насочил својот автомобил кон телото на оштетениот и со предниот дел удрил во него, нанесувајќи му телесна повреда – набиеници и расекотини на десната нога, а го оштетил и полициското возило поставено за блокада. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот