Потврдени 440 нови случаи на корона вирусот во Кина

Потврдени се девет смртни случаи и има докази за дека се пренесува со дишење од пациент на пациент.

Кинеската државна комисија за здравство денеска соопшти дека заклучно со вчерашниот ден потврдени се 440 нови случаи на инфекција со корона вирус во 13 кинески провинции.

Потврдени се девет смртни случаи и има докази за дека се пренесува со дишење од пациент на пациент.

Претходно беше објавено дека, заклучно со вчерашниот ден, имало пријавени повеќе од 300 случаи.  Епидемијата се шири во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и САД.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот и инфекцијата од човек на човек. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и оти вирусот мутира, изјави директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.

Сите деветмина од починатите пациенти се од покраината Хубеи, која е најпогодена. Властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат јавни собири.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година в сабота.

Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, и која исто така потекна од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот