Потврден третиот случај на омикрон во Хрватска

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот институт за јавно здравје го потврди третиот случај на омикрон, новата варијанта на коронавирусот, во Хрватска, пренесе Индекс.хр.

– Со проверка на два примерока во државната лабораторија на ХИЈЗ, утврдено е дека се работи за варијантата омикрон. Паралелно со лабораториската анализа, извршена е и епидемиолошка студија и сите контакти на пациентите се повикани да направат ПЦР тест, соопштија вечерва од ХИЈЗ.

Во соопштението се додава дека се земени вкупно 16 примероци, од кои 14 се негативни, еден е во фаза на обработка, а еден е позитивен на новата варијанта омикрон, што е вкупно три случаи заразени со оваа варијанта на коронавирус во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот