Потврден е првиот случај на омикрон во земјава, кај човек што дошол од Велика Британија

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија денеска е деректиран првиот случај на лице заразени со сојот омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски случај.

По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По вторпат позитивен тест на Ковид 19 има од пред два дена, по што е потврдено дека се работи за инфекција со сојот омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом, велат здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот