Потсекретарот на италијанската економија поднесе оставка поради коментарот за Мусолини

Пратениците од Италија, Луција Боргонзони и Клаудио Дуригон/ Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Потсекретарот на италијанската економија поднесе оставка откако предизвика вознемиреност со изјавата дека паркот во неговиот роден град треба да се преименува по братот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, пренесува Ројтерс.

Клаудио Дуригон, член на десничарската партија, претходно месецов изјави дека неговата партија се обврзала да го врати првобитното име на паркот во Латина, град со околу 120.000 жители во централна Италија, на Арналдо Мусолини.

Паркот беше преименуван во 2017-та година во знак на сеќавање на Џовани Фалконе и Паоло Борселино, двајца врвни судии против мафијата, кои беа убиени од сицилијанската мафија во 1992. Латина е основана во 1932-та година за време на фашистичкото владеење и е поврзана со Мусолини.

Со оглед на тоа што контроверзноста не покажува знаци за намалување, Дуригон поднесе оставка во четвртокот вечерта, признавајќи дека направил грешка и се извини на семејствата на жртвите на мафијата.

„Јас не сум, и никогаш не сум бил фашист“, рече тој во изјавата.

Лидерот на партијата Матео Салвини му се заблагодари на Дуригон што се повлече и стави до знаење дека ќе остане во Лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот