Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија Фото: МИА

Спогодба за партнерство, трговија и соработка со која се уредуваат трговските односи меѓу Македонија и Велика Британија по излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија, денеска во Скопје потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Според  шефот на дипломатијата Османи, со потпишувањето на оваа Спогодба се обезбедува континуитет на трговските односи меѓу двете земји по формалното и институционалното напуштање на  ЕУ од страна на Обединетото Кралство кое е исклучително важно за нашата економија ако се има предвид дека изминатите 10 години тоа прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, и е меѓу десетте извозни и увозни дестинации.

-Особено во овој период  кога нашите амбиции за членство во ЕУ се исправени пред сериозни предизвици никој од нас не е среќен што Обединето Кралство ја  напушта Унијата, но сметам дека претставува вистинска дипломатска победа тоа што денеска склучуваме договор со кој ги зацврствуваме нашите односи и поставувамње темели за уште подлабока и поширока економкска и политичка соработка, рече Османи кој изрази надеж дека Лондон и Брисел ќе постигнат договор навреме пред истекот на транзицискиот период.

Трговскиот пратеник за Западен Балкан на бритсанскиот премиер Мартин Викерс кој се вклучи во настанот преку видео-линковско пврзување, изјави дека Обединетот Кралство е особено задоволно што може да ја потпише оваа  Спогодба и што ќе може да се унапредат односите меѓу двете земји.

-Сега кога Обединето Кралство излегува од ЕУ време е да ги зајакнеме нашите трговски односи со нашите сојузници, рече Викерс изразувајќи очекување за уште поголем развој на тровските односи.

Според амбасадорката Галовеј, потпишувањето на Спогодбата означува почетокот на нова ера во односите меѓу Обединето Кралство и С Македонија, која како што вели, е наш најголем трговски партнер од Западниот Балкан со обем на трговска размена во 2019 година од 1,8 милијарди фунти. Преференцијалните услови за трговска рамена предвидени со оваа Спогодба, додаде таа, ќе им овозможат на стопанските субјекти  на двете земји да продолжат да тргуваат, а ќе помогне и да се заштити економската стабилност и просперитет на С Македонија  што е особено важно за закрепнување на економијата погодена од ковид-кризата.

-Спогодбата  обезбедува рамка и за поблизок политички дијалог и поинтензивна соработка за важни прашања како што се животната средина, образованието и човековите права . По зачленувањето на С Македонија во НАТО на почетокот од оваа година, потпишувањето на оваа Спогодба претствува уште еден позитивен чекор во јакнењерто на нашите долгогодишни билатерални односи. Во овој контекст Обединето Кралство ја потврдува заложбата за блиски односи со СМ и континуирана активност во регионот, рече Галовеј нагласувајќи ги потенцијалите за инвестициите кои се нудат со договорот.

Спогодбата која е договарана во период од три години, воспоставува правна основа на идните трговски односи меѓу двете држави, кои во моментот се одвиваат согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со неа се обезбедува целосен континуитет на трговските односи без промени на досегашните услови и ќе се применува по истекот на преодниот период договорен меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, кој во моментот е предвиден за 31 декември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот