Потпишан договор за воспоставување на заеднички контроли со Србија- Слободен печат
ВестиМакедонија

Потпишан договор за воспоставување на заеднички контроли со Србија

Со овој акт ќе се забрза протокот на возила на граничниот премин Табановце-Прешево.

Денес во Белград министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потпиша меѓувладиниот Договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево што го парафираа заедно со неговиот српски колега министерот Небојша Стефановиќ.

– Со денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициско работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји“.

Со овој договор значително се намалуваат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за било каков застој.

Министерот Спасовски кој ја предводеше делегацијата од Република Северна Македонија, во која што беше и државниот секретар при министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска, во својата изјава нагласи дека како соседни земји, негуваме одлични релации, упатени сме едни кон други, имаме мноштво заеднички интереси, така што не постои причина таа соработка да не ја развиваме и во иднина.

– Од аспект на соработката на нашите министерства за внатрешни работи, во делот на соработката меѓу двете полиции, во оваа прилика можам да констатирам дека таа е на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и транснационален криминал, а во интерес на националната и регионална безбедност“, посочи Спасовски.

Исто така, потенцирајќи ги досегашните активности во делот на заедничката гранична соработка, и можностите за нејзино проширување, министерот Спасовски ја искористи можноста да се заблагодари на неговиот колега министерот Стефановиќ како и на полициските службеници на српското министерство за внатрешни работи кои што заедно со македонските полицајци продолжуваат со заеднички активности за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close