Постигнат договор меѓу Владата на Еквадор и домородното население

Фото: Профимедија

Владата на Еквадор и движењето на автохтоното индијанско население постигнаа спогодба за излез од кризата во оваа јужноамериканска држава.

Кризата беше предизвикана од одлуката на претседателот Ленин Морено владата, во замена за кредот од ММФ, да ја укине субвенцијата за гориво, што доведе до драстичен скок на неговата цена.

Двете страни се договорија да работат на подготовката на нов декрет што ќе го поништи декретот 883 за енергенсите.

-Со овој договор мобилизицијата завршува – рече амабсадорот на Еквбадор во ОН Арно Перал. Тој беше еден од посредниците во дијалогот меѓу владата и индијанците, заедно со Католичката црква.

Големината на протестите против укинувањето на субвенциите на горавата беше толку голема што претседателот Морено беше присилен владата да ја дислоцира од Кито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот